Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Лејди Гага објави увертира за спотот за „Marry the Night“

ВИДЕО: Лејди Гага објави увертира за спотот за „Marry the Night“

Лејди Гага најави дека спотот за песната „Marry the Night“ ќе биде убедливо најдолгиот видео запис кој таа го има објавено досега. „Ова ќе биде најдолгото видео што го имам објавено досега... Почетокот на приказната што никогаш ви ја немам кажано“ – напиша Гага на Twitter и со тоа ги поттикна нејзините мали „чудовишта“ да погодуваат што се крие зад новиот спот.

Денес ексцентричната пејачка го објави воведот на спотот. Облечена во болничка облека, „Мајката чудовиште“ лежи во бесознание на болнички кревет и држи монолог додека две сестри ја носат во друга просторија.

„Кога ќе погледнам назад на мојот живот, не дека не сакам да ги гледам нештата точно онака како што се случиле, но претпочитам да ги помнам на уметнички начин. И, искрено, лагата за сето тоа е многу поискрена затоа што јас сум ја измислила. Клиничката психологија ни вели, дискутабилно, дека траумата е ултимативен убиец. Спомените не се рециклираат како атоми и честички во квантната физика, тие можат да бидат изгубени засекогаш. Исто како моето минато да е недовршена слика, и како уметник на таа слика, јас морам да ги пополнам сите грди празнини и повторно да ја направам убава. Не дека сум неискрена, само одбивна ми е реалноста. На пример, овие сестри, носат облека на Келвин Клајн од колекцијата за наредната сезона, а исто така и јас. А чевлите, тие се специјално направени по порачка од Џузепе Ѕаноти. Ги подместив нивните капи настрана како париски баретки затоа што мислам дека тоа е романтично, а исто така верувам дека бојата „mint“ (нане) ќе биде многу популарна во модата наредната пролет. Видете ја сестрата на десната страна, има одличен задник. Бам“ – вели Гага во монологот.

Додека сестрите ја внесуваат во другата просторија, таа продолжува: „Вистината е дека порано во клиниката ги носеа тие смешни шапки за да ја заштитат косата од крвта. Девојката одлево порача гумени бонбони и нож пред неколку часа. Ѝ дадоа само гумени бонбони. Посакувам и мене да ми дадеа само гумени бонбони...“

Видеото на Гага може да се интерпретира на различни начини. Нејзините фанови сметаат дека таа ќе открие дека се обидела да се самоубие во минатото. Но, додека не излезе целото видео, останува само да погодуваме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.