Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Кети Пери оди во војска во спотот за „Part of Me“

ВИДЕО: Кети Пери оди во војска во спотот за „Part of Me“

Кети Пери оди во војска за да избега од неверното момче во нејзиниот нов спот за песната „Part of Me“.

На почетокот на видеото познатата пејачка ќе го види своето момче како бакнува друга и веднаш ќе му раскине. Додека се обидува да го излечи своето скршено срце, ќе здогледа плакат на кој пишува „Сите жени се создадени еднакви, потоа некои стануваат маринци“. Инспирирана од тие зборови, ќе си ја истриже косата и ќе се пријави во војска.

Спотот бил снимен во февруари во база на маринци во Калифорнија, каде што Кети научила како да се бори. Во видеото се прикажани само вистински маринци. „Три дена бев личност која сака да стане маринец, што беше многу тешко“ – признала таа.

„Part of Me“ е дел од новото издание на албумот „Teenage Dream“, „Teenage Dream: The Complete Confection“. Синглот достигна до првото место на топ-листата Billboard Hot 100.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.