Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: „Somebody I Used To Know“ изведена од 5 музичари на една гитара

ВИДЕО: „Somebody I Used To Know“ изведена од 5 музичари на една гитара

Нова верзија на хитот „Somebody That I Used to Know“ започна да освојува на YouTube. Канадската група Walk Off The Earth и Сара Блеквуд на креативен начин ја изведоа популарната песна со „методот“ пет музичари на една гитара.

„Знам од кого треба да побараме помош за снимањето на акустичната верзија на Somebody: Walk Off The Earth“ – напиша Готје на Twitter.

„Ова е навистина неверојатно. Еве ова е тимска работа“ – додала Кимбра.

„Сакавме да снимиме видео со сите, но имавме само една гитара кај мене дома“ – објасниле од групата Walk Off The Earth за инспирацијата за спотот.

Видеото за неполни три дена има 2,6 милиони прегледувања и навистина вреди да се погледне.

Оригиналната верзија има неверојатни 34 милиони прегледувања:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.