Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: „Sale El Sol“ – нов спот на Шакира

ВИДЕО: „Sale El Sol“ – нов спот на Шакира

Шакира денес ги израдува своите обожаватели со спотот за песната „Sale El Sol“. Во видеото, Шакира настапува со нејзиниот бенд, а во исто време е прикажана како трча облечена во голем балски фустан во боја на шампањ низ мрачен лавиринт.

ШакираШакира во луксузна златна балска тоалета

Спотот е соработка на Шакира со компанијата за вино Freixenet. Шакира учествува во нивната рекламна кампања, а компанијата донираше 500 000 евра за хуманитарната фондација на младата пејачка, Pies Descalzos Foundation. Парите ќе бидат наменети за градење на две училишта, едно во Хаити, а друго во Колумбија.

„Образованието е единствената алатка што детето ја има за да ги претвори неговите соништа во реалност“ – изјавила 34-годишната латино пејачка, која активно се залага за обезбедување на подобро образование за децата во неразвиените земји.

„Sale El Sol“ е дел од истоимениот седми студиски албум на Шакира, кој беше пуштен во продажба од октомври минатата година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.