Почетна » Новости » Музика » „I'll Never Love Again“ – тажната балада на Лејди Гага од филмот „A Star Is Born“ со Бредли Купер

„I'll Never Love Again“ – тажната балада на Лејди Гага од филмот „A Star Is Born“ со Бредли Купер

Саундракот за филмот „A Star Is Born“ е голем хит, а многумина се убедени дека Лејди Гага ќе биде кандидатка за добивање на Оскар за истиот.

Музичката ѕвезда го објави спотот за „I'll Never Love Again“, која е тажна балада од актуелниот филм режиран од Бредли Купер.

На денот кога Лејди Гага требало да ја сними сцената во која ја пее токму оваа балада, добила повик дека нејзината добра пријателка Соња, која била болна од рак, е во лоша здравствена состојба. Без размислување Лејди Гага заминала од снимањето и се упатила кон домот на Соња, но задоцнила 10-тина минути. По смртта на Соња, Лејди Гага се вратила на снимањето и со емоции ја отпеала песната, посветувајќи им ја на покојната пријателка и нејзиниот сопруг Џексон.

„Таа ми даде трагичен подарок тој ден и јас го однесов со мене на филмскиот сет и ја отпеав таа песна за Џексон и за неа на истиот тој ден“ - раскажа Гага.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9522 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.