Почетна » Новости » Мода » Џејн Фонда изгледа фантастично и на 73 години

Џејн Фонда изгледа фантастично и на 73 години

Ви се верува ли дека Џејн Фонда има 73 години? Грациозната актерка ги украде сите погледи и измами многу воздишки кога вчера се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.

Облечена во долга бела тоалета на Емилио Пучи, таа покажа дека знае како да го победи времето.

Џејн Фонда Џејн Фонда

Џејн отсекогаш била искрена во врска со разубавувањето со пластични операции и отворено зборува дека има направено операции на градите, брадата, вратот и под очите. Но, таа заслужува комплименти за нејзината витка линија, која е резултат на физичката активност. Славната актерка стана фитнес гуру во 80-тите години и досега има издадено 24 видеа за вежбање. Таа верува дека физичката активност е клучот за добро здравје на нејзина возраст.

Џејн Фонда

Џејн успеа да засени некои од своите помлади колешки кои исто така блескаа на црвениот тепих пред премиерата на филмот Sleeping Beauty.

Аишварија Раи се истакна со долга двобојна тоалета од колекцијата Armani Prive, а Даен Кругер блесна во светликава тоалета на Calvin Klein.

Аишварија РаиАишварија Раи Даен КругерДаен Кругер

Познатата трендсетерка Алекса Чанг се појави во бел краток фустан со долги ракави, а Рејчел МекАдамс за црвениот тепих избра широки панталони со висок струк и корсет на Monique Lhuillier.

Алекса ЧангАлекса Чанг Џејн ФонднРејчел МекАдамс

Анџелина Џоли позираше пред фотографите со цел да го промовира анимираниот филм Kung Fu Panda 2. Џоли носеше едноставен фустан на Salvatore Ferragamo во песочна боја.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.