Почетна » Новости » Мода » Францускиот бренд Kenzo со колекција инспирирана од македонскиот филм „Медена земја“

Францускиот бренд Kenzo со колекција инспирирана од македонскиот филм „Медена земја“

Модната куќа Kenzo ја презентираше новата колекција со ревија која се одржа во рамките на Париската недела на модата.

При создавањето на креациите, светски познатиот француски бренд црпеше инспирација од македонскиот документарен филм за пчеларката Атиџе, „Медена земја“.

„Пчеларството е една од најстарите соработки помеѓу човекот и природата“ – изјавил дизајнерот Фелипе Оливеира Баптиста, зборувајќи за пчеларството и за тековната климатска криза. „Сакав да искажам нешто за кревкоста на ситуацијата во која се наоѓаме. Светот плаче“ – додал тој.

За колекцијата, Вог пишува: „Пчеларскиот костим со превез кој ја отвори неговата колекција повеќе потсетуваше на Contagion отколку на Honeyland, документарецот од 2019 за пчеларка во рурална Македонија, кој служеше како референца“.

Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo Kenzo

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10288 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.