Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Црно-бели венчаници во новата колекција на Вера Ванг

ФОТО: Црно-бели венчаници во новата колекција на Вера Ванг

Вера Ванг не игра на сигурно кога станува збор за невестинските фустани. Познатата „кралица на венчаниците“ веќе има претставено целосно црвени и црни невестински фустани, па новата колекција во која покрај белата ѕирка и црната боја не е нешто невообичаено за неа.

Колекцијата пролет 2014 Ванг ја презентираше за време на Невестинската недела во Њујорк. Елегантни фустани со силуета на сирена и раскошни бели здолништа комбинирани со црни корсети доминираа на ревијата.

Особено впечатливи беа долгите кожени ракавици кои ги носеше секоја „невеста“, а кои ѝ даваа на колекцијата посмел изглед. Чипката ја зачува елеганцијата во повеќето креации.

„Тоа е нов начин на којшто јас гледам на софистицираноста и сензуалноста“ – изјавила Ванг.

Венчаници Вера Ванг Венчаници Вера Ванг Венчаници Вера Ванг Венчаници Вера Ванг Венчаници Вера Ванг Венчаници Вера Ванг Венчаници Вера Ванг Венчаници Вера Ванг

Погледнете ја ревијата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.