Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Црвена Hermès Birkin чанта од $200.000 постигна рекорд

ФОТО: Црвена Hermès Birkin чанта од $200.000 постигна рекорд

Црвена Hermès Birkin чанта постави рекорд за најскапа чанта продадена на аукција. Луксузната чанта му беше продадена на анонимен купувач за неверојатни 203.150 долари.

Чанта Hermès Birkin

Крокодилската чанта, која е декорирана со 18-каратно бело злато и дијаманти, се очекуваше да достигне цена од 80.000 долари, но очигледно последната понуда ги надмина очекувањата на експертите.

„Тоа е извонреден примерок на едни од најисклучителните чанти на светот и ова е необична цена, која во секој поглед ги надмина нашите највисоки очекувања“ – изјавил Мет Рабинер, претставник на Heritage Auctions, за WWD.

Биркин чантите се изработуваат рачно од француската модна куќа Hermès и се симбол на богатство поради високата цена и ексклузивноста. Именувани се според актерката Џејн Биркин, а нивната цена се движи од 9.000 до 150.000 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.