Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Фустанот од $280 со кој Кетрин ги пречека Обамови стана хит

ФОТО: Фустанот од $280 со кој Кетрин ги пречека Обамови стана хит

Војвотката од Кембриџ уште еднаш го покажа своето огромно влијание во модниот свет. Фустанот којшто таа го носеше на вчерашната официјална средба со Обамови моментално стана вистински моден хит.

Кетрин и Мишел Обама

Краткиот тесен фустан во капучино боја од британскиот бренд Reiss предизвика модна манија во Британија и неколку пати го „сруши“ сајтот на фирмата. Претставник на Reiss изјавил дека во период од само 2 минути по појавата на Кетрин на свечениот настан, онлајн биле продадени 20 фустани.

Фустанот на Кетрин

Фактот што фустанот чини само 280 долари уште повеќе ги мотивираше модните зависнички да „полудат“ по него.

Убавата капучино боја на фустанот одлично го истакна темниот тен на Кетрин, којшто е „последица“ од медениот месец со принцот Вилијам на Сејшелите, и ја потенцира и нејзината слаба фигура.

Гостинката на Кетрин, Мишел Обама, носеше сребрено-син фустан со А-линија од Barbara Tfank во комбинација со розово болеро и сребрени сандали.

Барак Обама, принцот Вилијам, Кетрин и Мишел ОбамаБарак Обама, принцот Вилијам, Кетрин и Мишел Обама

Ова не е првпат Кетрин да носи креација од Reiss. Таа носеше бел фустан од овој бренд и за фотосесијата за официјалните фотографии од свршувачката.

Принцот Вилијам и КетринКетрин носеше фустан на Reiss и за фотосесијата за официјалните фотографии од свршувачката

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.