Помладата полусестра на Кејт Мос го потпиша својот прв договор со модна агенција. Лоти Мос очигледно нетрпеливо чекаше да заплива во светот на модата, па на денот на својот 
Лоти за првпат го привлече вниманието кон себе на свадбата на Кејт Мос, кога беше една од петнаесетте деверуши.
Лоти на свадбата на Кејт Мос во јули 2011 година 
Веднаш во модните кругови започна да се зборува за иднината на младата Мос и беше направена нејзината прва пробна фотосесија со фотографот Андреа Картер-Боумен.
Сепак, мајката на Лоти тогаш одлучи дека таа е премногу млада за да влезе во модниот бизнис, па агенциите мораа да почекаат неколку години за да го предложат првиот договор.
Кејт Мос беше „откриена“ на 14-годишна возраст од основачката на агенцијата „Storm Model Management“. Првата фотосесија ја направи на 16 години, а до ден денес таа е едно од најпрепознатливите лица во модната индустрија.
Останува да видиме дали Лоти ќе успее да го повтори успехот на својата повозрасна сестра.
		





