Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модна кампања на Bitsiani снимена во македонскиот бисер кањонот Матка

ФОТО: Модна кампања на Bitsiani снимена во македонскиот бисер кањонот Матка

Новата кампања на Bitsiani насловена како MODERN NATURE за сезона есен/зима 2015 претставува спој на модата и текстурата на природата. Сликана на Кањон Матка од дуото фотографи – Ани&Дими, кои заедно со моделот Андреј Клинчаров и Маја Саздановска која беше задолжена за шминка и фризура, ја пренесоа колекцијата на друго ниво, притоа совршено отсликувајќи ги модните парчиња и убавините на кањонот.

Bitsiani Bitsiani Bitsiani

Темата на кампањата е резултат на игра со зборови каде што Mother Nature е претопено во Modern Nature, со што директно се претставува она што колекцијата сака да го пренесе – отскокнување во комбинирањето на модните парчиња и живописноста на природата.

Локацијата Кањон Матка, придонесува за истакнување на облеката и чевлите, давајќи дополнителна структура на целосната слика.

Колекцијата есен/зима ‘15 на Bitsiani се одликува со кошули со подолг крој, во различни бои и шари. Класични одела во повеќе нијанси, кои можат да се комбинираат со несекојдневните дезени на модните додатоци – марамчиња и вратоврска-пеперушка со интересни шари, тенки плетени вратоврски со зимски мотиви итн. Дворедни џемпери, јакни и капути во темни бои, а изборот на чевли варира од класични свечени обувки, до познатите оксфордки или пак челзи чизми до глужд од превртена кожа.

Bitsiani Bitsiani Bitsiani

Bitsiani е првиот бренд кој Fashion Group го вклучува во своето портфолио во 1995 година. Инаку е основан во 1986 година од страна на дизајнерот Aristotelis Bitsiani, кој гради лидерска позиција на грчкиот пазар и истовремено станува синоним за бренд кој произведува квалитетна облека за модерни европски мажи.

Продавниците на Bitsiani може да ги најдете во Т.Ц. Соравиa и во Скопје Сити Мол.

Bitsiani Bitsiani Bitsiani Bitsiani Bitsiani Bitsiani Bitsiani Bitsiani Bitsiani Bitsiani

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.