Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Моден блог посветен на 83-годишен дотеран Турчин

ФОТО: Моден блог посветен на 83-годишен дотеран Турчин

Модниот блог „Што носеше Али?“, кој е посветен на стилот на дотеран дедо, придобива сè поголем број на обожаватели.

Секој ден, точно во 9 часот и 5 минути, старец дотеран од глава до пети поминувал покрај работното место на австралиската фотографката Зое Спотон во Берлин. Неговото чувство за стил и елегантниот изглед ја шармирале доволно за да започне да го фотографира и да го документира неговиот избор на облека. Така се родил блогот „Што носеше Али?“.

Али е 83-годишен татко на 18 деца по потекло од Турција, кој 44 години живее во Берлин. Тој е пензиониран доктор, но сега работи како кројач, па најголем дел од костумите кои ги носи се негови креации.

Поради јазичната бариера, Зое и Али потешко комуницираат, но таа успеала со помош на Google да му објасни дека луѓето може да започнат да го препознаваат поради славата стекната на интернет.

Али Али Али Али Али Али Али

Никогаш не е доцна за мода.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11943 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.