Синоќа во Лондон се одржа доделувањето на стилските награди на списанието „Elle“.
Кети Пери ја прими наградата Жена на годината. Популарната пејачка за свечениот настан избра елегантен фустан со рози од Вивиен Вествуд кој го искомбинира со чевли со кристали од Кристијан Лобутин.
Харизматичната Ема Вотсон, која беше прогласена за Актерка на годината, носеше црн фустан од Џамбатиста Вали.
Том Хидлстон е Маж на годината, додека Суки Вотерхаус, новата девојка на Бредли Купер, е Модел на годината.




















