Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Мила Кунис е новото рекламно лице на Диор

ФОТО: Мила Кунис е новото рекламно лице на Диор

Диор освои една од најактуелните и најпривлечните млади актерки во Холивуд. Мила Кунис е новото рекламно лице на француската модна куќа и се појавува во пролетната рекламна кампања за чантите Miss Dior.

„Мила Кунис е многу талентирана млада актерка, таа е олицетворение на вистинската модерна жена. Нејзината изведба во „Black Swan“ беше извонредна. Таа е многу надарена“ – изјавила Делфин Арно од Диор.

Мила Кунис за Диор

28-годишната актерка признала дека допрва ја учи и запознава модата и дека во секојдневието претпочита да е облечена во фармерки и маичка, но дека кога е на црвениот тепих сака да изгледа женствено.

Мила Кунис за Диор

„Во мојот секојдневен живот не носам најженствени парчиња облека. Но, сакам да се чувствувам женствено кога сум на црвениот тепих. Отсекогаш сум мислела дека она што го прави Диор е толку софистицирано, женствено и убаво“ – изјавила Кунис за WWD.

Мила Кунис за Диор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.