Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Девојката нарекувана „крава“ и „зебра“ сега освојува со кампања на „Desigual“

ФОТО: Девојката нарекувана „крава“ и „зебра“ сега освојува со кампања на „Desigual“

Шантел Браун-Јанг поседува огромна самодоверба и амбициозност која ја истакнува во модниот свет.

Модниот бренд „Desigual“ ја препозна убавината која се крие во позитивната девојка и уште минатата година ја регрутира во своите редови.

Шантел, која се нарекува себеси и Вини Харлоу, страда од витилиго, заболување кое се карактеризира со бели дамки на кожата. Кога била помлада, таа редовно била навредувана поради изгледот на нејзината кожа. „Растењето беше екстремно тешко за мене. Ме задеваа и бев исмејувана заради мојата кожа. Ме нарекуваа крава, зебра, милки, наведете каква било навреда, јас ја добивав“ – раскажала таа.

Со текот на времето Шантел успеала да ги остави навредите зад себе и да се засака себеси. Сега таа непрекинато е ангажирана од списанија и истакнати брендови меѓу кои и „Desigual“ и „Diesel“.

Колоритната кампањата на „Desigual“ за сезоната пролет/лето 2015 се фокусира на инспиративната Шантел.

Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг Шантел Браун-Јанг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11071 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.