Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Версаче и H&M – нова возбудлива соработка

ФОТО: Версаче и H&M – нова возбудлива соработка

Шведскиот бренд H&M со гордост најави дека оваа година ќе соработува со Версаче, една од најпопуларните модни куќи.

„Јас сум пресреќна што ќе соработувам со H&M и што ќе имам можност да допрам до нивната голема публика. Колекцијата ќе биде типична Версаче, совршена за фановите на H&M и Версаче“ – изјавила Донатела Версаче.

Донатела ВерсачеДонатела Версаче во фустан од новата колекција во соработка со H&M

Колекцијата ќе вклучува женска и машка облека и ќе биде достапна од ноември 2011 во 300 продавници на H&M низ светот. Во женската колекција ќе доминираат фустани од кожа украсена со метални детали, свила и колоритен принт, а исто така се очекува да видиме обувки со високи потпетици и интересен накит.

Версаче и H&M Версаче и H&M

H&M успеа уште еднаш ги израдува модните зависнички кои преку ваквите возбудливи соработки успеваат за релативно малку пари да стигнат до дизајнерски парчиња облека. Претходно H&M соработуваше со Карл Лагерфелд, Стела Мекартни, Џими Чу и Ланвин. Сите тие колекции беа вистински модни погодоци.

На фотографиите можете да видите дел од она што го подготвуваат дизајнерите на Версаче и H&M.

Версаче и H&M Версаче и H&M

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11091 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.