Почетна » Новости » Мода » „Срцето ми е скршено“: Зухаир Мурад ги покажа разрушеното ателје и уништените канцеларии од експлозијата во Бејрут

„Срцето ми е скршено“: Зухаир Мурад ги покажа разрушеното ателје и уништените канцеларии од експлозијата во Бејрут

Модната куќа на Зухаир Мурад настрада во разорната експлозија во Бејрут. Либанскиот дизајнер преку видеа покажа како сега изгледа зградата во која беа сместени неговото ателје, салоните и канцелариите.

„Срцето ми е скршено. Не можам да престанам да плачам. Долгогодишниот труд замина за момент. Му благодарам на Бог за сè... Сè уште не можам да поверувам што им се случи на моите канцеларии, на мојот Бејрут, на мојот Либан“ – напиша тој по што доби огромна поддршка.

Зухаир Мурад

Во коментарите се огласи и неговата верна клиентка Џенифер Лопез, која му порача: „Ова го крши срцето... Жал ми е... ужасно е... Фала му на Бог што си на безбедно. Ти испраќам љубов и сила во ова тешко време“.

Зухаир Мурад Зухаир Мурад

Како последица на страотната експлозија згаснаа 137 животи, а илјадници лица се повредени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.