Почетна » Новости » Мода » Почина реномираниот дизајнер Оскар де ла Рента на 82 години

Почина реномираниот дизајнер Оскар де ла Рента на 82 години

Светот изгуби еден од модните ветерани. Оскар де ла Рента, доајенот на американската мода, почина вчера во својот дом во Конектикат на 82-годишна возраст. Легендарниот креатор, кој со децении го разубавуваше изгледот на дамите од високото општество и првите дами на САД и кој стана крал на црвениот тепих, почина поради компликации од рак.

Неуморниот дизајнер пред само шест седмици со широка насмевка ги прими аплаузите и пофалбите за неговата последна ревија.

Оскар де ла РентаОскар на својата последна ревија

Еден од неговите последни модни проекти беше и невестинскиот фустан на сопругата на Џорџ Клуни, Амал Аламудин. Vogue објави фотографија на која Оскар одблиску ја надгледува последната проба на Амал пред свадбата.

Оскар де ла РентаОскар со Амал Аламудин

Минатата седмица Питер Копинг беше назначен за креативен директор на модната куќа Oscar de la Renta. „Се надевам дека предводејќи го овој избор и активно учествувајќи во транзицијата, ќе им ја обезбедам вистинската дизајнерска иднина на нашата компанија и брендот“ – соопшти Оскар за својот наследник.

Модната индустрија изгуби легенда, ментор и икона.

Оскар де ла РентаОскар со Одри Хепберн во 1989 година

Оскар де ла Рента е роден на 22 јули 1932 година во Санто Доминго, Доминиканска Република. И покрај тоа што неговиот татко очекувал од него да гради кариера во сферата на осигурување, на 18-годишна возраст Оскар заминал во Шпанија да студира уметност. Кога жената на американскиот амбасадор во Шпанија видела еден од неговите цртежи, го ангажирала да направи фустан за нејзината ќерка. Тој фустан завршил на насловната страница на списанието „Life“.

Амбициозниот младич го усовршил занаетот прво под менторската палка на Кристобал Баленсијага, а потоа во модните куќи Lanvin и Elizabeth Arden. Во 1965 година тој ги поставил темелите на брендот кој денес го освојува светот.

Никогаш, никогаш не го мешајте она што се случува на пистите со мода. Ревиите се спектакли. Мода е само кога ќе го облече жена.

Оскар де ла Рента

Половина век дамите се восхитуваат на елегантните творби на Оскар, кој многу често беше нарекуван џентлмен во секоја смисла на зборот. Бројни престижни награди се врзуваат со неговото име, а Џеки Кенеди, Хилари Клинтон, Ана Винтур, Сара Џесика Паркер и Пенелопе Круз се само неколку од најголемите обожавателки на неговите дизајни.

Оскар де ла РентаОскар со Хилари Клинтон Оскар де ла РентаАна Винтур, Дајен фон Фирстенберг, Оскар де ла Рента и Сара Џесика Паркер Оскар де ла РентаОскар со Сара Џесика Паркер Оскар де ла РентаОскар и Опра на балот МЕТ во 2010 година

Секогаш го велам ова: Живеј, сакај и смеј се.

Оскар де ла Рента

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.