Почетна » Новости » Мода » Од микробиолог, до модна икона: 53-годишна дама со смел младешки стил

Од микробиолог, до модна икона: 53-годишна дама со смел младешки стил

Грејс Ганем сè повеќе и повеќе го привлекува вниманието на љубителите на модата. 53-годишната дама со седа коса не дозволува возраста да ја спречи да експериментира со ведри бои и смело да носи младешки модни комбинации.

Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем

Грејс израснала во Либан, но во 2005 година се преселила во Канада, заедно со својата ќерка. Со преселувањето, Ганем ѝ кажала збогум на својата кариера како микробиолог и започнала да работи како личен тренер.

Одушевена од уникатниот стил на Грејс, нејзината ќерка ја поттикнала да започне да го споделува своето чувство за мода со светот. „Сè започна како забавно хоби помеѓу мајка и ќерка. Всушност мојата ќерка ме охрабри да го споделам моето чувство за стил“ – вели Грејс.

„Тоа што сум во моите 50-ти години не значи дека мора да бидам старомодна и да изгледам класично. Силно верувам дека ако знаете како да ја стилизирате облеката и да се чувствувате самоуверено, можете да се потпрете на тренди и спортски кул парчиња облека без оглед на вашата возраст“ – вели смелата дама.

Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем

„Јас живеам во мојата гардероба. Секогаш прво гледам што имам. Не купувам нешта само поради тоа што се во тренд“ – тврди таа.

„Модата е карактер, чувство, сила, став, креативност. Во тоа верувам и отсекогаш сметав дека тоа е она што сум. Не се работи за облеката која ја носиме, туку за тоа како се чувствуваме во внатрешноста, што прави да блескаме“ – објаснува Грејс.

Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем Грејс Ганем

„Начинот на кој размислувате и се чувствувате, начинот на кој се поврзувате со вашето детство, можете да ја задржите таа енергија со тоа што ќе останете љубопитни и ќе имате чувство за хумор. Модата не е толку сериозна“ – објаснува Грејс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11863 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.