Почетна » Новости » Мода » Од блескавата тијара до велот со цветови: Сè за невестинскиот стајлинг на Меган Маркл

Од блескавата тијара до велот со цветови: Сè за невестинскиот стајлинг на Меган Маркл

Меган Маркл одушеви со префинет свадбен изглед. Убавата невеста носеше едноставна венчаница со чисти линии дизајнирана од Клер Вејт Келер, која од неодамна е на чело на модната куќа Живанши.

Свадбата на Меган и Хари

„Г-ѓа Маркл и г-ѓа Вејт Келер имаа блиска соработка за дизајнот. Фустанот ја отсликува безвременската минимална елеганција која упатува до кодовите на иконската Куќа Живанши и ја прикажува експертската изработка на светски реномираното париско ателје за висока мода основано во 1952 година“ - стои во соопштението од палатата.

Свадбата на Меган и Хари

Со долгиот вел Меган ја изрази својата почит кон Комонвелтот. Имено, на велот се извезени 53 различни цветови кои ги симболизираат 53-те држави кои се членки на Комонвелтот.

Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари

Велот беше фиксиран на главата на Меган со блескава тијара. Дијамантскиот моден додаток ѝ е позајмен на Меган од кралицата Елизабета Втора. Станува збор за филигран тијара изработена во 1932 година.

Малите обетки се од луксузната компанија за накит Cartier.

Свадбата на Меган и Хари

Новата сопруга на принцот Хари доби и многу комплименти за природната шминка. Очекувано беше Меган да носи малку шминка која нема да ги прекрива нејзините пеги. „Отсекогаш сум ги обожавала моите пеги“ – изјави Меган минатата година кога сними фотосесија за „Vanity Fair“ и искажа огромна возбуда што соработуваше со фотограф кој не ги избриша пегите од нејзиното лице.

Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари

И белите чевли се дело на Живанши.

Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари Свадбата на Меган и Хари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10601 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.