Почетна » Новости » Мода » Облини во бикини: За првпат крупен модел во Sports Illustrated Swimsuit

Облини во бикини: За првпат крупен модел во Sports Illustrated Swimsuit

Модниот свет сè пошироко ги отвора вратите за крупните модели. Сè повеќе списанија презентираат едиторијали со полнички убавици, а модните кампањи со plus-size модели стануваат сè побројни.

Годинава за првпат plus-size модел ќе се најде на страниците на изданието на Sports Illustrated посветено на костими за капење. Sports Illustrated традиционално ги соблекува најзгодните жени во светот по костими за капење, но секогаш ѕвезди на страниците на изданието се слаби манекенки. Токму затоа, веста дека крупен модел ќе биде дел од популарното издание крена голема медиумска врева.

Ешли Грем е девојката која ја има честа да го пробива патот за своите колешки со заоблено тело. Позирајќи самоуверено во црни бикини, Грем стои во центарот на кампањата #CurvesInBikinis (Облини во бикини) на брендот swimsuitsforall.

Ешли Грем

„Знам дека моите облини се секси и сакам сите да знаат дека и нивните облини се секси. Нема причина да ги криете, но има многу причини за да ги покажувате. Светот е подготвен за повеќе облини во бикини“ – вели славната Американка.

Ешли Грем Ешли Грем

Иако станува збор само за рекламна кампања која ќе се најде во изданието на Sports Illustrated, сепак се смета дека ова е чекор кон поголеми промени во стандардите за убавина, со цел прифаќање на модели со различна форма на телото.

Ешли започна да работи како модел во 2003 година, а досега има соработувано со повеќе брендови и списанија како „Vogue“, „Harper's Bazaar“ и „Glamour“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.