Почетна » Новости » Мода » Мултифункционалност и спонтаност: Необичната колекција на талентираната Амра Исмани го затвори Моден викенд Скопје

Мултифункционалност и спонтаност: Необичната колекција на талентираната Амра Исмани го затвори Моден викенд Скопје

Неконвенционална стилска фузија на традицијата и модернизмот и модата и иновативноста ги одушеви гостите на Моден викенд Скопје. Младата дизајнерка Амра Исмани креираше врз база на концептот на мултифункционалност и спонтаност и создаде интригантна модна приказна која го задржува погледот и го раздвижува умот. Имено, талентираната девојка со шоуто „Тога Пула II во соработка со IQOS" го затвори модниот настан и наиде на бран комплименти.

Колекцијата, која е спој на естетиката на римската античка облека тога и иновативниот дух и колоритот на IQOS уредите, е изработена со „нула отпад“ техники за кроење. Природните материјали како волна, памук и свила, заедно со полуприродните опции како вискоза, ја потенцираат посветеноста на Амра и нејзиниот бренд AЯMMA на одржливоста и автентичноста.

Колекција на AЯMMA Колекција на AЯMMA

Говорејќи за инспирацијата зад новата колекција, перспективната креаторка, која има дипломирано историја на уметност, вели:

Тога Пула II е колекција која ја истражува врската помеѓу минатото, сегашноста и иднината. Таа се движи кон иднината, инспирирајќи се од минатото со цел да создаде безвременска облека која се креира и постои надвор од рамките на тековните брзи трендови. Истата се развива врз концептот на мултифункционалност и спонтаност поттикната од римската античка облека - Тога.

Почетната инспиративна точка на ова естетcко движење низ времето е антиката, но другиот инспиративен извор присутен во истата се продуктите на IQOS, кој е соработник на ова презентација. Софистицираниот, минималистичен дизајн на уредот, и особено неговата палета на бои во овој случај ја симболизираат иднината, конечната дестинација на ова естетско патување. Покрај бојата (тиркизна, сива и црвена) која се јавува како директна референција на IQOS, во колекцијата се присутни и други визуелно суптилни но истовремено важни концепти кои се развиени под влијание на IQOS, како што e идејата за создавање на нови, иновативни интерпретации и форми на веќе постоечки продукти кои се дел од нашиот секојдневен живот.

Амра

Всушност, Тога Пула е „темна тога“ и во Рим била носена за време на тагување, лична опасност или јавна вознемиреност, а понекогаш се облекувала и во знак на протест.

Колекција на AЯMMA Колекција на AЯMMA

Амра е категорична дека колекцијата не може да се дефинира под капата на еден стил.

Тешко е да се даде дефиниција за колекција која црпи инспирација од дијаметрално спротивни извори - различни временски периоди и различни култури, истовремено. Во оваа колекција комплексните референции се преведени во облека со едноставни, најчесто геометриски форми карактеристични за минимализмот, но присуството на елементи и концепти преземени од различни историски епохи, ја оневозможуваат нејзината категоризација во еден единствен стил.

Амра

За време на ревијата, речиси секој изглед беше трансформиран пред очите на публиката. Парчињата дефинитивно ќе им ги украдат срцата на сите кои го ценат индивидуалниот стилски израз.

Колекција на AЯMMA Колекција на AЯMMA

Сметам дека секој создаден предмет, уметничко дело или парче облека е субјективен јазик преку кој создавачот комуницира со публиката, оттука мислам дека моите креации ќе ги привлечат тие личност со кои имаме слична дефиниција за убавината и слични вредности – појаснува Амра.

Ревијата се одржа во комплексот Урбан Гарден во соработка со IQOS.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.