Почетна » Новости » Мода » Модна кралица: Блејк Лајвли си го трансформираше фустанот на црвениот тепих на Мет галата

Модна кралица: Блејк Лајвли си го трансформираше фустанот на црвениот тепих на Мет галата

Блејк Лајвли со ефектна креација и мал стилски перформанс остави силен впечаток на Мет галата која синоќа се одржа во Њујорк.

Ѕвездата од „Gossip Girl“ пристигна на свеченоста со сопругот Рајан Рејнолдс во раскошна креација од Версаче.

Впечатливиот фустан, инспириран од Статуата на Слободата, беше декориран со голема панделка, а освен тијара и високи сатенски ракавици, Лајвли носеше и накит од Лорејн Шварц и обувки од Кристијан Лобутин.

Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022

Штом стигна до центарот на скалилата пред музејот „Метрополитен“, Блејк со помош на тројца асистенти го промени изгледот. Со одврзување на големата панделка, фустанот беше трансформиран пред очите на присутните и придоби тиркизни нијанси кои ја симболизираат оксидацијата на популарната статуа.

Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022

Погледнете ја трансформацијата:

Блејк и Рајан заедно со Реџина Кинг и Лин-Мануел Миранда годинава им се придружија на Ана Винтур и Том Форд во улога на домаќини на галата.

Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022 Мет гала 2022

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.