Почетна » Новости » Мода » Модерен шик во лимитираната колекција за актуелната сезона на дизајнерката Антонија Ристовска

Модерен шик во лимитираната колекција за актуелната сезона на дизајнерката Антонија Ристовска

Антонија Ристовска креира за дамите кои сакаат да изгледаат модерно и шик. Македонската дизајнерка создаде лимитирана колекција за сезоната есен/зима 2020, а фокусот го стави на впечатливите палта.

„Капутот не е само парче облека кое ќе нè згрее во ладните денови. Тоа е вашиот начин да комуницирате со целиот свет околу вас во првиот момент кога ќе го напуштите вашиот дом“ – вели таа.

Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска

„Капут во темно сива или црна боја ве прави да изгледате мистериозно. Виолетовата боја го истакнува гламурот во вас. Кралско сината како омилена на софистицираните дами. Камел бојата пак како земјен тон ве прикажува како смирена и релаксирана личност. За сезоната есен/зима 2020 инспирацијата за колекцијата капути ја пронајдов токму во жената која внимателно го одбира секое парче облека и каква приказна сака да раскаже преку него. Создаваќи модели кои ќе си го најдат своето место во зимските денови од година во година, секој модел е изработен со внимателно комбинирање на бои и детали. Дел од моделите се инспирирани од колор блок техниката за прв пат воведена во уметноста од познатиот сликар Мондријан, а дел се во нијанси на бела и црна, како посакувани за неутрални комбинации. Во секое парче може да се забележи фузија на класичниот гламур и модерниот минимализам. Како и секоја колекција, ателјето ги изработи сите модели со големо внимание за највисок квалитет, но во согласност со оддржлива мода – со минимален отпад“ – додава Ристовска.

Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска

За оваа колекција во лимитирана едиција посебно се изработени пониклувани и позлатени копчиња и патенти со логото на брендот, а моделите се изработени од природни материјали – фина и мека волна, кашмир, вискоза и памук – со потекло од Македонија и Италија.

Модел во фотосесијата е Ангела Ѓеоргиева, а за фотографиите се погрижи Богдан Глишиќ.

Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска Колекција есен/зима 2020 на Антонија Ристовска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.