Почетна » Новости » Мода » Моделот со облини Искра Лоренс со необработени фотографии ја претстави новата колекција костими за капење

Моделот со облини Искра Лоренс со необработени фотографии ја претстави новата колекција костими за капење

Искра Лоренс ја претстави колекцијата костими за капење за која соработуваше со Cushe.

33-годишниот модел, кој се прослави со своите облини и заложбата за отфрлање на нереалните стандарди за убавина, сними фотосесија со малото синче. Лоренс позираше на плажа со 3-годишното момче за да ги презентира моделите од инклузивната колекција.

Фотографиите не се обработени.

Искра Лоренс

„Отсекогаш сум имала мисија да ги охрабрам компаниите и брендовите да ги прифатат необработените фотографии. Голем предизвик е да се расте во свет во кој сме навикнати да гледаме фотошопирани фотографии, без разлика дали тоа е во кампањи или на социјалните мрежи.“

„Инстантно се споредуваш себеси. Како модел, во минатото се споредував себеси со фотошопирани фотографии и не се чувствував доволно добро“ – рекла Лоренс за фотографиите.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Нејзина цел е да ги охрабри луѓето да уживаат во моментите на плажа и да си создаваат спомени без да се грижат што мислат другите.

„Си замислуваш дека сите се грижат како изгледаш во костимот за капење. Но, сите се на плажа за да се обидат да си создадат спомен сами или со пријателите или со семејството. Тие нема ниту да се сеќаваат на твоите грижи и несигурностите што си ги имала. Треба да си го промениш начин на размислување зошто си таму и што правиш. Секогаш ги охрабрувам луѓето да бидат љубезни кон себе и да престанат да се споредуваат со другите луѓе.“

„Социјалните мрежи се прекрасни во многу аспекти, но создаваат илузија дека сите имаат совршен живот и дека се совршени на плажа, дека немаат витки кога ќе седнат. Тоа едноставно не е реално.“

„Запомни што е реално во животот и направи си спомени. Тоа што си на плажа во сладок костим за капење е ова што е важно, а не што мислат другите луѓе. Не се споредувај со нешто што си го видела онлајн“ – вели таа.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Ова е прва соработка на Искра со брендот.

„Надреално ми е што ја создадов мојата прва глобална колекција за капење и што тоа е првата нефотошопирана кампања на Cupshe. Му благодарам на тимот и се надевам дека ќе продолжам да ги поттикнувам реалистичките фотографии и ќе ставам кај на токсичните недостижни стандарди за убавина... Бидејќи ние сме доволни“ – пишува таа.

Колекцијата е по достапни цени и има секакви големини до 4XL.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11351 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.