Почетна » Новости » Мода » Македонските претставници Eye Cue прогласени за најлошо облечени на Евровизија 2018

Македонските претставници Eye Cue прогласени за најлошо облечени на Евровизија 2018

Eye Cue добија бројни критики за стајлингот на Евровизија, а сега официјално добија награда за најлошо облечени на овогодишното издание на музичкиот натпревар.

Македонските претставници Марија Ивановска и Бојан Трајковски ја освоија наградата Барбара Декс, која од 1997 година им се „доделува“ на учесниците со најлош моден избор.

Eye Cue Евровизија

На големата сцена, пејачката се појави во креација во циклама боја, која наликуваше на сако закопчано наопаку, а потоа го соблече и под него носеше кратки панталони со боди со богата текстура. Марија носеше и колоритни сандали.

Бојан беше облечен во црно-бела кошула со „пукнатини“, но сепак најкоментиран на социјалните мрежи беше изгледот на Марија.

Eye Cue Евровизија Eye Cue Евровизија Eye Cue Евровизија Eye Cue Евровизија Eye Cue Евровизија Eye Cue Евровизија Eye Cue Евровизија Eye Cue Евровизија Eye Cue Евровизија

Eye Cue настапија на првата полуфинална вечер со песната „Lost and Found“, но не успеаја да се пласираат во финалето.

настапот на Eye Cue

Ова е вторпат Македонија да добие ваква награда. Првиот пат „титулата“ најлошо облечен му припадна на Мартин Вучиќ, кој нè претставуваше на Евровизија во 2005 година.

Eye Cue Евровизија Eye Cue Евровизија

настапот на Вучиќ во 2005 година

Наградата Барбара Декс го доби името по претставничката на Белгија во 1993 година, која носеше бежов фустан кој самата го направила.

Гласањето за оваа награда е отворено по финалето на Евровизија. Гледачите гласаат онлајн и потоа се избираат најлошо облечени изведувачи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.