Почетна » Новости » Мода » Кралска свадба: Принцезата Јуџини се омажи во елегантна венчаница дизајнирана да ѝ ги покаже лузните на грбот

Кралска свадба: Принцезата Јуџини се омажи во елегантна венчаница дизајнирана да ѝ ги покаже лузните на грбот

Нова британска кралска свадба го привлече вниманието на светската јавност. Принцезата Јуџини стапи во брак со Џек Бруксбанк.

28-годишната внука на кралицата Елизабета II пристигна во катедралата „Сент Џорџ“ во винтиџ Ролс Ројс заедно со нејзиниот татко.

Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини

Среќната невеста носеше кралски невестински фустан од Питер Пилото и Кристофер Де Вос. Венчаницата беше дизајнирана со идејата да не ги покрива лузните на Јуџини од операцијата на грбот која таа ја имала на 12-годишна возраст поради сколиоза.

Пред венчавката таа намекна дека нема да ги крие лузните: „Ми правеа операција на грбот кога имав 12 години и тоа ќе го видите в петок. Тоа е убав начин да им оддадам чест на луѓето кои се грижеа за мене и начин да ги претставувам младите луѓе кои поминуваат низ истото. Сметам дека можеш да ја промениш убавината и дека можеш да им ги покажеш на луѓето твоите лузни и мислам дека е навистина специјално што стојам зад тоа“ - рече таа.

Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини

„Децата можат да ме гледаат сега и да знаат дека операцијата успева. Јас сум жив доказ како болницата ги менува животите на луѓето“ - изјави во друга прилика Јуџини, која е покровител на Кралската национална ортопедска болница.

Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини

Тијарата „Greville Emerald Kokoshnik“, која е украсена со дијаманти и смарагди, ѝ е позајмена на Јуџинии од самата кралица.

Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини Свадбата на принцезата Јуџини

Јуџини е ќерка на принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9528 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.