Почетна » Новости » Мода » Кијара Ферањи во исти креации со малата ќеркичка пред да заблеска на фестивалот „Сан Ремо“

Кијара Ферањи во исти креации со малата ќеркичка пред да заблеска на фестивалот „Сан Ремо“

Синоќа, започна 73-тото издание на музичкиот фестивал „Сан Ремо“. Во улога на водителка на манифестацијата оваа година влезе популарната блогерка Кијара Ферањи.

На првата вечер, сопругата на италијанскиот музичар Федез заблеска во четири креации од Диор специјално направени за неа.

Ферањи позираше со малата ќеркичка Виторија во складни креации од врвниот бренд со дизајн во облик на кафез.

Кијара Ферањи

„Ослободување на новите генерации од родовите стереотипи во кои жените често се чувствуваат заробени. Ова е идејата која Марија Грација Киури сакаше да ја претстави со овој фустан, составен од комбинезон украсен со кристали заробен во здолниште од тул. Овој фустан ја претставува надежта за кршење на сфаќањата наметнати од патријархатот. Надеж која ја всадуваме во денешните девојчиња кои утре ќе станат жени. Тоа е желбата на една мајка за нејзиното мало девојче, кое конечно може да извика Победа (Виторија)“ – стои во описот за креацијата.

Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи

Во салата „Аристон“, Кијара промени уште три креации кои беа направени за да пренесат важни пораки.

За првото појавување, Кијара носеше црн фустан со бела наметка, на која пишуваше „Размислувај слободно“. Ова дело цели да ги инспирира сите жени да се ослободат од улогата која општеството им ја наметна, да не бидат гулаби заробени во кафезот на патријархатот, да не се чувствуваат виновни за нивниот успех како жени и едноставно да бидат она што се без да бидат осудувани.

Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи

Следно, Кијара се појави во фустан со кристали кој „симулира“ голо женско тело.

„Идејата за фустанот кој го симулира женско тело беше Кијара да се ослободи од срамот што отсекогаш им се наметнувал на жените, почнувајќи од Ева, првата жена во историјата наведена да се чувствува засрамена.“

„Оваа илузија за голотија сака да ги потсети сите на правото и родовата еднаквост и кажува дека ако некој сака да се чувствува секси, не им дава дозвола на мажите, не го оправдува нивното насилство и не ги ублажува нивните грешки“ - велат од модната куќа.

Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи

Последниот „фустан против омраза“ испраќа порака до „хејтерите“.

„Со овој фустан прикажуваме дел од критиките упатени кон Кијара за нејзиниот изглед, нејзиното тело и пред сè, за нејзината слобода да се чувствува како жена, но и како мајка.“

„Презирните фрази навезени со црни бисери се вистински навреди кои критичарите секојдневно ги пишуваат на нејзините фотографии на Instagram. Креаторката имаше идеја да ги извезе овие црни зборови на бел материјал како страница на книга, која раскажува за тој бесплоден презир против кој треба да се бориме секој ден. Со пренесувањето на овие сексистички фрази, сакаме да ги охрабриме сите да не се засегнуваат од овие коментари и да ги потсетиме жените да не дозволуваат хејтерите да ги омаловажуваат, затоа што важни се мислењата само на оние луѓе кои навистина нè сакаат“ – е објаснувањето за креацијата.

Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи Кијара Ферањи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11469 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.