Почетна » Новости » Мода » Запознајте ја Теона Манго, блогерката која од Македонија преку Лондон го освојува светот

Запознајте ја Теона Манго, блогерката која од Македонија преку Лондон го освојува светот

Теона Манго неуморно ита во светот на блогерството, нижејќи модни и лајфстајл стории кои ги впиваат илјадници нејзини фанови на Instagram од Македонија и странство.

Девојката, која тргна од Битола, а моментално најголем дел од времето го минува на лондонско тло, преку блогот Teona’s Wanderlust шармира со ноншалантната елеганција, љубовта кон пишаниот збор и ентузијазмот за истражување на импресивни катчиња од светот.

Проталкајте низ авантурите на Теона низ фотографиите и дознајте повеќе за нејзините почетоци, размислувања, стилски ставови и визии од разговорот со неа.

Теона

Волшебни катчиња од светот, занимливи препораки, промовирање на атрактивни локации од Македонија, шик модни комбинации кои зрачат со лежерна елеганција... сето тоа заробува погледи на твојот блог. Кои беа првите идеи за твојот виртуелен бележник и дали имаше визија дека ова ќе биде твојата реалност?

- Сè се случи спонтано. По завршувањето на гимназијата во Битола и пред почетокот на студиите во Лондон, пред себе го имав можеби најдолгото и најбезгрижното лето. Размислувајќи што да правам со толку многу слободно време, а фаќајќи се себеси во часови поминати на социјалните медиуми, едноставно добив идеја своите лични интереси сместени во една виртуелна естетика да ги сместам на сајтот www.teona.mk кој пак години пред тоа лето за роденден ми го подарија моите родители. Подарок - домејн за лична употреба, можеби изгледа чудна идеја, но во мојот случај се покажа дека подарокот беше вреден како злато. И така од едно мало, без амбиции за блог, катче за неполна година прерасна во блогерско лично царство.

Афинитетите кои ги имав кон фотографијата и нижењето на зборовите ми дадоа сериозна содржина на објавите, со што блогирањето освен таа лефтерна модна димензија, ги доби сите епитети на содржина интересна и за читање и за визуелно уживање од повеќе аспекти.

Теона Теона

Студираш на престижниот Универзитет „Квин Мери“ во Лондон. Кои се трите најважни лекции кои досега ги научи таму?

  1. Да правам мудра листа на приоритети и да се охрабрувам себеси понекогаш да се ставам на прво место од таа листа;
  2. Кога барам помош не сум слаба, туку сум мудра;
  3. Да останам верна на своите соништа.

За секој што првпат стапнува на лондонска почва, кои се местата кои мора да ги посети за да го почувствува духот на метрополата?

- Лондон е град кој освојува во мигот кога ќе го посетите и тоа ќе трае вечно. Град кој е свет за себе. Го создадоа Римјаните, го надоградија Англичаните. Старите масивни дрвени бедеми на градот сè уште можат да се видат покрај Темза. Град на контрасти, на стотини нации. А сепак, така складно „спакован“.

Зависи што е она што Ве интересира, за да кажам што е незаобиколно да се види: историја, култура, архитектура, традиции, гастрономска сцена, мода... и луѓето би ги ставила на листата, жителите на Лондон кои се сè само не ладни и воздржани како што повеќето со предрасуди би изјавиле. Љубезни, со карактеристичен хумор во разговор и секогаш заљубени. Во Париз не сум видела толку заљубени парови како што сум видела во Лондон.

Топло ја препорачувам книгата „People of London“ на авторот Peter Zelewski, каде преку фотографии откривате најинтересни локации низ Лондон и луѓето во нив.

Теона Теона Теона Теона

Се сеќаваш ли кој е оној „wow-момент“ кога се заљуби во модата? (Можеби сеќавање од детството/тинејџерството за комбинација на твоја блиска личност, изглед од списание, купено модно парче или сл.)

- Уште како мала имав широко поле на креативни интереси: одев на часови по балет, цртав, се обидов и да пеам, неуспешно, накратко учев да свирам клавир. Моите родители се во ТВ бизнис и веројатно оттаму допирот до визуелните уметности. Мајка ми секогаш дома носела модни списанија кои се сметаат за модни библии и денес. Ги прелистував често иако нешто сериозно не разбирав. Театарот исто е нејзина голема љубов, па одблиску имав можност со нејзиниот пријател костимограф Благој Мицевски да гледам како се создаваат театарските костими. Естетиката во мојот дом беше отсекогаш присутна, строго учејќи ме на правилото „ние не сме поклоници на модните трендови, тоа го консумираат несигурни луѓе без идеи... ние веруваме во градење на личен стил“.

Татко ми наутро ме оставаше да се облекувам за во градинка сама и да ви кажам моите појавувања таму беа често комични и „шокантни“, споредено со другите деца, но сето тоа делуваше веројатно директно на градењето на мојот личен однос кон модата. На неа гледам како кон уметност. Последните години се напојувам читајќи и следејќи сè поврзано со модата, од нејзината историја до футуризмот во неа.

Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона
Личностите кои се самосвесни и знаат што со сопствениот стил, не водат грижа за најновите колекции, туку носат она што ним им се допаѓа, што им прилега и во што добро се чувствуваат
Теона

Има ли модна тенденција која никогаш не би ја следела и кој од актуелните трендови те инспирира да го инкорпорираш во твоите стајлинзи?

- Следењето на модните трендови за мене е несигурност. Луѓето немаат храброст да се издвојат од масата и да имааат сопствени идеи, па на себе носат тоа што го носи модниот пример на личност којa ja следат или што е изложено во излог како најнов моден предмет. Тоа е таа голема група за која се прават колекции кои се менуваат од сезона во сезона.

Препознатливоста на некоја посебност лежи во стилот, а не во трендот. Личностите кои се самосвесни и знаат што со сопствениот стил, не водат грижа за најновите колекции, туку носат она што ним им се допаѓа, што им прилега и во што добро се чувствуваат.

Најдобриот моден совет што некогаш си го добила е...

- Помалку е секогаш повеќе.

Теона Теона Теона Теона Теона Теона

Од четирите светски центри на модата, Лондон има најексцентрична модна естетика. Дали преселувањето во Лондон влијаеше на твојот личен стил на облекување?

- Лондон е една голема модна писта по која шетаат луѓе кои се бескрајно храбри и инспиративни кога станува збор за личните модни видици.

Долу трендовите, да живее стилот! Тој е слоганот кој би го извикувала ако треба да го искажам својот став зошто е Лондон голема работа кога станува збор за модата. Интересен е спојот на стилот со британските традиции кои толку многу значат таму. Еве, на пример неверојатно е со колкав шарм младите момци носат класични машки костуми. Ќе забележите поигрување со голема ташна, штосни очила, шал или марама, капа или шешир... но од квалитетно класично одело нема да се откажат.

Жителите на Лондон се модно ослободени. Сето ова не можеше, а да не делува и врз мене.
Теона

Во зависност од тоа во кој дел се наоѓате, таква улична мода и гледате. Во деловниот четврт, жени со исклучително сведени фустани, обавезниот мантил балонер како додаток, модерни салонки на нозете и редовно без чорапи. Учениците во строги униформи, студентите од хипстерска мода до бохо шик, додека во најслободните улици, еве на пример во легендарниот Камден, може да се види буквално сè. Жени облечени како мажи и обратно, полуоблечени или со палта кои се влечкаат по тротоарот... просто не знаете дали се дел од театарски перформанс или одат на кафе.

За пирсинг и тетоважи не би коментирала, за наши поими тие докторирале. Едноставно жителите на Лондон уживаат во модните комбинации и знаат што сакаат.

Комбинираат невозможни бои, свилен фустан со кожна јакна, чорапи со сандали, евтини детали со маркирана облека и обратно. Жителите на Лондон се модно ослободени. Сето ова не можеше, а да не делува и врз мене.

Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона

Како би го опишала својот стил и на кое парче облека се навраќаш одново и одново?

- Со моите 20 години можам слободно да кажам дека мојот стил сè уште го категоризирам како „under construction“, затоа што сè уште се пронаоѓам себеси, но чувствувам дека сум на добар пат набрзо да речам, да, ова сум јас и ова е дефинитивно мојот личен стил.

Кои се дизајнерите чии креации најмногу ги посакуваш и со кои би сакала да соработуваш?

- Омилени дизајнери ми се Stella McCartney, Domenico Dolce и Stefano Gabbana и Elie Saab, a омилени модни куќи ми се Valentino и Dior. Имам особен респект кон млади и непознати креатори кои сакам да ги откривам, но исто така би сакала да соработувам и со дизајнери и креатори од македонската модна сцена. Имав неколку такви соработки и навистина ми се особено драги како Благој Мицевски и Јелена Станаревиќ.

Теона Теона

Визуелно твојот блог е хармонична низа од квалитетни фотографии за кои неретко соработуваш со талентираната Симоне Калица. Просечно колку време е потребно да се изготви финиширана серија фотографии за твоја сторија?

- Визуелниот аспект е можеби и еден од најважните компоненти на блогирањето. За моја среќа, имам шанса да соработувам со мојата драга пријателка и фотографка Симоне Калица. Во зависност од содржината на сторијата, варира и времетраењето на изработување на еден пост. Некои постови бараат помалку работа, додека за некои се случувало да фотографираме со часови. Многу е важен концептот и приказната која треба да ја пренесуваат фотографиите. Заедно со Симона поминуваме часови дискутирајќи идеа за фотографирање, избирање на адекватни локации, во кој дел од денот да се фотографира, која комбинација да се носи итн.

Теона

Со оглед на тоа што самата ти си фасцинирана од фотографијата, што најмногу те привлекува да го презентираш низ призмата на твојот објектив?

- Една од причините да започнам блог беше и пасијата кон фотографијата. Отсекогаш сум ја гледала фотографијата како средство на изразување. Во последниот период повеќе сум пред камерата отколку зад. Но никогаш не пропуштам да фотографирам добро сервиран појадок/бранч, колоритно зајдисонце со облаци кои наликуваат на шеќерна волна, и добар цветен аранжман.

Доволен е само еден поглед кон твојот профил на Instagram за да се заклучи дека неуморно патуваш. Од досегашните патувања, која локација ти има оставено најсилен впечаток, а која сонуваш да ја посетиш во иднина?

- Моите родители ме научија дека соништата се носат во куфери, затоа што само така и се остваруваат. Обожавам да патувам, да се запознавам со нови места, култури, луѓе... Сите места кои сум ги посетила ми оставиле некаков впечаток, и ми е доста тешко да се одлучам за едно место, но дефинитивно би ја издвоила Мароко како држава која што најмногу ме воодушевила. Желба ми е голема да ги откријам Азија и Африка.

Теона Теона Теона Теона

Очигледно е дека водењето блог ти е задоволство. Во кој дел од процесот најмногу уживаш, а кој ти е најголем предизвик при креирањето на објава?

- Откако го започнав мојот блог, поголемиот дел од моето слободно време го насочив токму кон развивање на мојот блог, и тоа го правам со големо задоволство и посветеност. Уживам во целиот процес, но најинтересен дел ми е „brainstorming“ за идеи и теми за идни постови како и планирањето на самиот пост, односно смислувањето на модна комбинација, бирање на место за фотографирање и за што ќе се работи во постот. Најголем предизвик ми е реакцијата на читателите откако ќе го објавам постот. Секогаш ме радуваат убавите коментари и препораки и идеи за следни постови.

Блогерството во денешно време е мошне компетитивна територија, во која воопшто не е лесно да отскокнеш. Според тебе, кој е најважниот фактор за успех на ова поле?

- Денес има море од блогови, и илјадници блогерки од сите страни на светот. Доста е тешко денес да се пробиеш од толпата и да изградиш своја верна публика. Со тоа што има голем број на блогови и стандардите за како треба да изгледа еден блог се доста високи. Времето на блог постови со 3-4 фотографии со лоша резолуција фотографирани од вашата другарка и две реченици текст е минато. Денес е многу важно да имате убави и квалитетни фотографии, содржински издржан текст и овие две компоненти да бидат беспрекорно усогласени една со друга. Запомнете, секогаш е подобро квалитет од квантитет, подобро еден добар пост отколку низа просечни постови. Во сето ова многу е важно да бидете свои и да не пробувате да бидете никој друг. Да бидете уникатни, затоа што само на овој начин ќе бидите успешни.

Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона

Неодамна токму ти беше избрана за добитник на наградата „Excellence Award“ од реномираното списание „Lux“ што е уште еден показател дека си одлично позиционирана на светската сцена и веројатно ти е огромна мотивација. Каков е твојот сон за иднината на „Teona Wanderlust“?

- Повторно ќе се вратам на содржината. Квалитетната содржина на блогот е најдобар начин да стигнете до квалитетна публика. Потенцирам: квалитетна. Онаа публика која се смета за значајна. Да, тоа е навистина подолг и потежок пат, но само преку таква публика ќе постигнете долготрајни и вредни резултати. До масата лесно се доаѓа, начините за тоа не сакам ни да ги наведам.

Блогирањето е светот кој страсно ме преокупира. Сонувам за многу нови соработки, можност да запознаам нови фантастични луѓе кои ќе бидат богатство за мене, љубопитноста не ме држи на едно место, така што сонувам во различни бројки на земјините меридијани, штрафтање на географските ширини, сонувам во милион нијанси на бои и во ширење на таа позитивна вибрација која толку многу ми значи во животот.

Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона Теона

Следете ја Теона на Instagram или на
Teona’s Wanderlust

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.