Почетна » Новости » Мода » Жена со Даунов синдром за првпат на пистите на Њујоршката модна недела

Жена со Даунов синдром за првпат на пистите на Њујоршката модна недела

Џејми Бруер е првата жена со Даунов синдром која дефилираше на пистите на Њујоршката модна недела. 30-годишната актерка од серијата „American Horror Story“ претстави креација на дизајнерката Кери Хамер.

 Џејми Бруер

„Млади девојки, дури и млади жени ме гледаат и велат: Ако може таа, можам и јас. Вистинска инспирација е да бидеш пример за која било млада девојка, да можеш да ја охрабриш да биде она што е и да го покажува тоа“ – изјавила Бруер за Today.

 Џејми Бруер  Џејми Бруер  Џејми Бруер

Таа чекореше на ревијата како дел од „Role Models Not Runway Models“, кампања со која Кери Хамер се стреми да ги претстави жените кои реално ги купуваат нејзините креации. Дел од минатогодишната модна ревија на Кери била нејзина блиска пријателка која е во инвалидска количка.

Хамер била одушевена од ревијата. „Ги надмина сите мои очекувања. Кога ќе помислам дека не може да стане подобро, тоа станува 10 пати подобро. Овие жени беа среќни, а тоа е најважно за мене“ – изјавила таа за Mashable.

 Џејми Бруер  Џејми Бруер  Џејми Бруер

„Благодарам за промената која долго се чекаше. Буквално можам да плачам секојпат кога ќе прочитам статија која зборува за твојата одлука да вклучиш модел со хендикеп! Ти си тоа што му е потребно на овој свет!“ – ѝ напишала Бруер на дизајнерката Хамер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10290 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.