Почетна » Новости » Мода » Дауцен Крус и Карли Клос ги напуштаат ангелите на Victoria’s Secret

Дауцен Крус и Карли Клос ги напуштаат ангелите на Victoria’s Secret

Дауцен Крус и Карли Клос ги „пензионираат“ ангелските крилја на Victoria’s Secret. Познатиот бренд остана без два од осумте официјални ангели.

30-годишната Крус започна да соработува со VS во 2004 година, а во 2008 година го доби статусот „ангел“. Привлечната Холанѓанка го прекинала договорот кон крајот на минатата година, поради лукративен договор со друга компанија.

Дауцен Крус

Според Едвард Разек, човекот одговорен за изборот на модели за VS, Крус била ослободена од обврските кон VS по барање на нејзината агенција, за да може да се посвети на нови ангажмани. „Немаше конфликт. Немаше омраза, ништо од тие глупости кои ги читам на Instagram. Таа имаше одлична бизнис можност и јас сакав да бидам фер кон некој што го обожавам и почитувам. Тоа е сè. Искрено верувам дека Дауцен е една од најубавите личности на светот. И секогаш ќе мислам така. Многупати ѝ го имам кажано тоа“ – напиша Ед на Instagram.

Дауцен Крус Дауцен Крус

Веста дека Крус си заминува од VS беше официјално потврдена откако се засилија гласините дека Карли Клос се збогува со ангелските крилја. Актуелната манекенка, која пред три години за првпат зачекори на шоуто на познатиот бренд, дефинитивно го напушта брендот за да се посвети на другите обврски и да го продолжи образованието.

Карли Клос Карли Клос

За заминувањето на Клос, Ед соопшти: „Со Карли Клос се сретнавме пред неколку месеци за да ги продискутираме многуте нешта кои таа сакаше да ги направи во животот и кариерата. Додека разговаравме, стана јасно дека таа нема да има време за да ги исполнува безбројните обврски. Спротивно на нашата желба, се согласивме дека таа ќе го напушти брендот по истекувањето на договорот... Карли секогаш ќе биде ангел за мене.“

Карли Клос

Засега во групата на ангели спаѓаат Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Беати Принсло, Кендис Сванапул, Лили Олдриџ и Линдзи Елингсон. Се шпекулира дека и Линдзи наскоро ќе ги напушти ангелите, а дека кон атрактивната група ќе се приклучи Елза Хоск.

Ангели на Victoria’s Secret

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10284 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.