Почетна » Новости » Мода » Впечатлива елеганција: Убавата Миланка Рашиќ вистинска дама на „Браќа Манаки“

Впечатлива елеганција: Убавата Миланка Рашиќ вистинска дама на „Браќа Манаки“

Филмската магија која ја носи „Браќа Манаки“ од прва рака ја почувствува и Миланка Рашиќ, дамата која секогаш ја асоцираме со најголемиот светски филмски настан – Оскарите.

Македонската убавица влезе во улога на водителка и пренесуваше дел од приказните на гостите на интернационалниот фестивал, а во секоја прилика изгледаше елегантно. Сите нејзини комбинации доаѓаат од бутикот „Ермитаж“ со кој таа има блиска соработка.

Миланка Рашиќ

Коментирајќи го стилскиот избор за Фестивалот, популарната авторка на емисијата „Во кадар“ ни рече:

Избравме тренди и софистицирани елегантни парчиња за моето појавување на фестивалот ‘Браќа Манаки’ како водителка и за снимањето интервјуа за МРТВ.

Задоволство е да се соработува со Весна Станковска и Офелија Станковска од ‘Ермитаж’, бидејќи имаат префинет вкус, секогаш ги следат трендовите и прават прекрасен моден избор. Исто така, сестрите се вистински промотори на културата и уметноста.

На свеченото отворање на 42-рото издание на „Браќа Манаки“, Миланка носеше долга гламурозна креација која потсетуваше на ѕвездено ноќно небо.

За отворањето на фестивалот носев темносин елегантен долг фустан и накит ‘Бел епок’ со дијаманти и сафири од ‘Божиновски’“ – споделува таа.

Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ

На затворањето на Фестивалот, Миланка зрачеше со едноставна елеганција.

За доделувањето награди на свеченото затворање носев тиркизен фустан со необичен крој, впечатливи ракави и деколте, со охридски бисери од ‘Филеви’“ – истакнува таа.

Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ

Силни бои и интересни комбинации доминираа во нејзините стајлинзи за останатите денови на најстариот фестивал на филмската камера во светот.

Кога станува збор за соработката со „Ермитаж“, таа потенцира: „Веќе цела година успешно соработуваме и во сите мои емисии за филм, како и на фестивали и премиери“.

Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ Миланка Рашиќ

„Браќа Манаки“ се одржуваше од 23 до 29 септември во Битола.

Фото: Сашо Ставрев, Диоген Хаџи Коста Милевски, Ивона Кочов и Вера Умка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.