Почетна » Новости » Мода » Валентина Сампајо – првата трансродова личност која позираше за Sports Illustrated Swimsuit

Валентина Сампајо – првата трансродова личност која позираше за Sports Illustrated Swimsuit

Валентина Сампајо продолжува да руши бариери. 23-годишниот модел стана првата трансродова личност која има добиено страници во изданието на Sports Illustrated посветено на костимите за капење.

Бразилскиот модел сними фотосесија на плажа.

Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо

„Возбудена сум и чест ми е што сум дел од иконското издание на Sports Illustrated Swimsuit. Тимот на SI создаде издание кое обединува мултиталентирани и убави жени на креативен и достоинствен начин.“

„Родена сум во едно далечно, мирно рибарско село во Бразил. Бразил е прекрасна земја, но исто така е домаќин на најголем број насилни злосторства и убиства врз трансродовата заедница во светот.“

„Да се биде трансродова личност значи да наидуваш на затворени врати до срцата и умовите на луѓето. Се соочуваме со навреди, страшни реакции и физички насилства само поради тоа што постоиме. Нашите опциите да растеме во грижливи семејства, да имаме плодно искуство во школо и да најдеме достоинствена работа се незамисливо ограничени и предизвикувачки“ – пишува Сампајо.

Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо Валентина Сампајо

Sports Illustrated Swimsuit редовно ги претставува стандардите за убавина кои постојано еволуираат.

Во 1997 година, Тајра Бенкс беше првиот модел со темна боја на кожата кој доби насловна страница во SI, Ешли Грем во 2016 година стана првиот модел со облини, а Халима Аден првиот модел со хиџаб кој сними фотосесија за списанието.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.