Почетна » Новости » Мода » Marella Stories: Моника Коцарева Ергич за модата, стилот и како да останеме свои, а сепак во чекор со трендовите

Marella Stories: Моника Коцарева Ергич за модата, стилот и како да останеме свои, а сепак во чекор со трендовите

Дамите кои знаат како да чекорат со трендовите, а сепак да останат свои се извор на бескрајна модна инспирација. Оваа сезона Marella ги споделува модните приказни на токму тие дами, започнувајќи со модната дизајнерка Моника Коцарева Ергич.

Како дама која секогаш има свои цели и се стреми да ги оствари, како пасија ја гледа светската модна сцена. Нејзиниот бренд Коцарева, каде таа е дизајнер и моделар, е достапен на домашниот пазар и во некои од соседните држави. Во се што прави таа го остава својот личен белег, од нејзините модни креации и ревии, до уредување на простор и фотографија и секако, во својот личен изглед.

Моника зборуваше за модата и стилот, нејзиниот омилен моден тренд за претстојната сезона како и од каде таа црпи модна инспирација.

Моника Коцарева Ергич

Како моден дизајнер, модата не е само твоја пасија, туку и твоја професија. Од каде црпиш инспирација за твоите креации и за твојот личен моден стил?

– Како дизајнер, инспирацијата ми помага во одржување на мојата креативност. Кога сме иновативни, ние сме во состојба да реализираме нови и уникатни идеи. Инспирацијата буквално ја црпам на секаде околу мене, дали се тоа пријатели, работа, градови што ги посетувам, филмови и слично.

Кога се работи за мојот стил тој најчесто е мешавина од моите чувства и мојата околина. Но главно би рекла дека е спој на улична мода и класика.

Акцентот кога го ставам на удобноста секогаш избирам “оversized” и лесни парчиња на гардероба во комбинација со патики. Така се чувствувам удобно а воедно и тренди и модерно.

Моника Коцарева Ергич

Како би го опишала твојот личен стил со 3 зборови?

– Урбан, јасен и современ.

Кој е твојот омилен моден тренд за претстојната модна сезона есен-зима 2021?

– Екстра долгите капути дефинитивно. Сметам дека секоја жена треба да поседува еден квалитетен капут во својот гардеробер. Оваа сезона се ин “The Suit Coat” односно капутите со чист крој како на оделата.

Моника Коцарева Ергич

Marella како бренд се посветува на современите дама и нивните потреби во урбаниот свет. Како го пронаоѓаш твојот стил во креациите на Marella?

– Како што веќе напоменав за мојот стил, мислам дека е сосема јасно дека Marella е вистински избор за секоја моја пригода. Во секое време можам да направам комбинација која е современа и урбана. Во моментов најмногу ми се допаѓаат “monochromatic” комбинациите, односно посебни парчиња со истата нијанса, кои во Marella секогаш можеме да ги најдеме. Многу ме радува што ваков италијански бренд со беспрекорен квалитет е достапен кај нас.

Моника Коцарева Ергич

Кои се твоите омилени парчиња од новата актуелната колекција есен/зима 2021 на Marella?

– Капутите, пуф јакните и лого производите (патики, ташни, ремени). Секаде и за секоја прогода.

За крај, сподели моден совет со нашите читателки кој сметаш дека секоја дама треба да го знае.

– Модата треба да ја адаптираме на нашиот личен имиџ, не треба да го менуваме својот идентитет според актуелните сезони. Така ќе останеме препознатливи и свои!

Моника Коцарева Ергич Моника Коцарева Ергич

Коса и шминка - Зоран Шубревски
Фотограф - Мартин Трајановски
Локација - Four

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.