Почетна » Новости » Мода » 7 селебрити модни трендови – пролет 2013

7 селебрити модни трендови – пролет 2013

Модната индустрија диктира многу трендови, но само некои од нив влегуваат во Холивуд. Погледнете кои пролетни трендови се наголемо прифатени од славните дами.

Бели чевли со шпиц

Црните чевли не излегуваат од мода, но моментално белите чевли со шпиц се вистински моден хит.

Бели чевли со шпиц

Риги, риги, риги

Ригите се насекаде оваа пролет, па и во плакарите на славните кои успеаја не само да ги инкорпорираат во лежерниот стил, туку и да ги донесат на елегантен начин на црвениот тепих.

Риги, риги, риги

Бело сако + кратки панталончиња

Белото сако станува задолжително за топлите денови. Одлично е за комбинирање со фармерки, панталони, но и со кратки шорцеви.

Бело сако + кратки панталончиња

„Кожен“ фустан

Кожата не остана во зимските трендови. Кожените фустани се изборот на славните кои сакаат да покажат позабавен и младешки вечерен изглед.

Кожен фустан

Стомак на виделина

Кратки блузи и корсети искомбинирани со панталони и здолништа со висок струк, како и фустани со отсечок над папокот, ги истакнуваат тонираните тела на ѕвездите.

Стомак на виделина

Откачен принт

Фустани и костуми со откачен принт редовно го раздвижуваат црвениот тепих.

Откачен принт

Женствена чипка

Нежната чипка веќе неколку сезони маѓепсува со богатата текстура и заводничкиот изглед. Најголем дел од холивудските дами веќе ја имаат искористено женственоста на чипката за да блеснат на свечените настани.

Женствена чипка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.