Почетна » Новости » Истражувања » Љубезноста и добрината се заразни

Љубезноста и добрината се заразни

По сè изгледа дека сепак еден човек може да придонесе светот да стане попријатно место за живеење. Секој може со својата љубезност и добро однесување да придонесе за подобар живот.

ПодарокКога еден човек ќе добие подарок или услуга, тој е посклон да биде дарежлив и да му даде уште поголем подарок на друго лице.

Истражувачите тврдат дека љубезноста е заразна и дека секое добро дело влијае позитивно на многу други луѓе. Тие откриле дека откако еден човек ќе добие подарок или услуга, тој е посклон да биде дарежлив и да му даде уште поголем подарок на друго лице. Второто лице го прави апсолутно истото и започнува да се формира бран од љубезност и дарежливост кој се шири понатаму.

Тоа било заклучокот од експеримент спроведен од истражувачи од Универзитетот Калифорнија и Универзитетот Харвард. Но, професорот James Fowler, кој учествувал во истражувањето, предупреди дека и лошото однесување се шири еднакво брзо како и добрината.

Сепак, на луѓето им е потребно да се шири љубов, добрина и љубезност. Проф. Fowler изјавил дека луѓето формираат социјални мрежи, затоа што добиваат многу повеќе од поврзаниот живот, отколку што губат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.