Почетна » Новости » Истражувања » Јајцата се супер храна која помага за слабеење

Јајцата се супер храна која помага за слабеење

Британските истражувачи сметаат дека јајцата заслужено треба да се нарекуваат супер храна, поради тоа што го подобруваат здравјето и се борат против дебелината.

ЈајцеЈајцата заслужено треба да се нарекуваат супер храна

Анализирајќи ги резултатите од 71 истражување, истражувачите заклучиле дека јајцата се меѓу најхранливите намирници и препорачуваат секој ден да се консумира по едно јајце.

Јајцата се нискокалорична храна, богата со протеини, особено витамин Д, Б12 и холин. Потребно е само едно јајце за да внесете 20% од препорачаните дневни потреби на витамин Д. Исто така, јајцата ги содржат основните аминокиселини потребни за правилно растење на децата и тинејџерите.

Со само 80 калории во просек, јајцата играат и голема улога во процесот на слабеење. Тие предизвикуваат заситеност, помагаат во одржувањето на телесната тежина, а плус и го подобруваат здравјето на очите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.