Почетна » Новости » Истражувања » Чаша вино дневно ги зацврстува коските

Чаша вино дневно ги зацврстува коските

Не чувствувајте грижа на совест ако за време на вечерата уживате во чаша вино. Најновите истражувања покажуваат дека една чаша вино дневно го намалува ризикот од остеопороза.

Жена со вино во раката

Британски истражувачи ја анализирале исхраната на 1000 близначки кои биле на возраст од околу 55 години и ја проучувале врската со густината на коските. Научниците откриле дека оние учеснички кои консумирале умерени количини вино имале поголема густина на коските, што значи дека имаат помал ризик од појава на кршливи коски и развивање на остеопороза.

„Умереното внесување на алкохол од вино се поврзува со поголема густина на коските“ – пишува во студијата објавена во American Journal of Clinical Nutrition.

Не е јасно како виното ја подобрува цврстината на коските, но се верува дека неговиот позитивен ефект се должи на супстанциите наречени полифеноли, кои ги има во лушпата на грозјето.

Истражувањето не покажало дека и другите типови алкохол, како пиво или жестоки пијалаци, имаат вакво позитивно влијание.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.