Почетна » Новости » Истражувања » Црвените полни усни се најпривлечни за машкото око

Црвените полни усни се најпривлечни за машкото око

Кога се шминкате за вечерното излегување, одделете повеќе време за вашите усни. Ново истражување покажа дека кога мажите гледаат во женското лице, најголемо внимание им посветуваат на усните.

Научниците од Универзитетот Манчестер откриле дека во првите 10 секунди откако ќе запознаат некоја жена мажите повеќе од половина од времето зјапаат во нејзините усни. За да го докажат тоа, истражувачите го следеле движењето на очите на 50 мажи додека им покажувале фотографии од различни жени.

Убава жена со црвен карминМажите ги сметаат за најпривлечни полните црвени усни

Резултатите од истражувањето покажале дека времето што мажите ќе го поминат гледајќи во женските усни зависи од бојата на карминот и од тоа дали жената е нашминкана или не.

Кога жените имаат кармин на усните, мажите зјапаат во нивните усни во просек по 7 секунди, за нивните очи издвојуваат 0,95 секунди, а нивната коса ја разгледуваат само 0,85 секунди.

Ако жената има нанесено розов кармин, тогаш претставниците на посилниот пол се загледуваат во нејзините усни во просек по 6,7 секунди, а ако има црвен кармин – 7,3 секунди.

Но, истражувањето покажало дека кога жената не е нашминкана мажите издвојуваат 2,2 секунди за нејзините усни, 2,97 секунди за нејзините очи и 2,77 секунди за нејзиниот нос.

Според резултатите, за најпривлечни се сметаат полните усни. Но, жените кои имаат тенки усни не треба да се разочаруваат затоа што било откриено дека со помош на кармин привлечноста на тенките усни се зголемува со 40%.

Топ 10 жени со најжешки усни

  1. Анџелина Џоли
  2. Скарлет Јохансон
  3. Шерил Кол
  4. Џесика Алба
  5. Бијонсе
  6. Хали Бери
  7. Меган Фокс
  8. Ева Мендес
  9. Кимберли Волш
  10. Никол Шерцингер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.