Почетна » Новости » Истражувања » Ф’стаците го уништуваат „лошиот“ холестерол

Ф’стаците го уништуваат „лошиот“ холестерол

Ф’стаците не само што се многу вкусни, туку се и многу корисни за здравјето. Научниците сметаат дека една шака ф’стаци дневно помага да се уништи „лошиот“ холестерол и да се спречи појавата на срцеви болести и рак.

Ф’стациФ’стаците се богати со антиоксиданси.

Ф’стаците му помагаат на телото на многу различни начини. Тие се богати со антиоксиданси кои ги заштитуваат клетките од штетните супстанции наречени слободни радикали.

Американски научници откриле дека ф’стаците се многу побогати со лутеин, бета-каротен и гама-токоферол, во споредба со другите јаткасти плодови.

Бета-каротенот се претвора во витамин А којшто заштитува од рак, а гама-токферолот е една форма на витамин Е и помага во заштитата од срцеви заболувања. Лутеинот пак е многу важен за видот и здрава кожа.

Кога истражувачите го тестирале ефектот на ф’стаците, кај сите учесници кои консумирале по една шака ф’стаци дневно било забележано поголемо присуство на антиоксиданси и пониско ниво на холестерол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.