Почетна » Новости » Истражувања » Упорноста во животот се учи од татковците

Упорноста во животот се учи од татковците

Неуморно се стремите кон остварување на вашите амбиции и цели? Не се наведнувате дури и кога сите ја губат вербата? Ако навистина сте упорни во животот, ново истражување вели да му се заблагодарите на вашиот татко.

Истражувачи од Brigham Young University откриле дека татковците се во уникатна позиција да им влеваат упорност и надеж на своите деца, особено во тинејџерските години и годините пред адолесценцијата.

Татко и децаТатковците влијаат во голема мера на упорноста на децата

За да стигнат до овој заклучок, научниците анализирале 325 семејства во период од 4 години. Татковците одговарале на прашања во врска со нивниот стил на воспитување, додека децата на возраст од 11 до 14 години одговарале на прашања за нивниот успех на училиште и постигнувањето на зацртаните цели.

Резултатите покажале дека татковците кои практикувале „авторитетно родителство“ (им пружеле љубов на своите деца, им давале можност да бидат независни и ја потенцирале одговорноста), поверојатно било да имаат деца кои ја совладале уметноста на упорноста, што резултирало со подобар успех на училиште и помала вмешаност во инциденти предизвикани од лошо однесување.

Од друга страна, родителите кои воспитувале „со сила“, односно со строгост и казни, имале помалку упорни деца.

„Татковците имаат директно влијание на тоа како децата ќе ги восприемаат упорноста и надежта и на тоа како ќе ги имплементираат во животот. Важно е да се спомене дека и мајките можат да го направат истото, но се покажува дека кога татковците користат авторитетно родителство, тие имаат влијание на тоа како адолесцентите се восприемаат себеси и на тоа колку се упорни во животот“ – изјавил професорот Рендал Деј.

Истражувачите се убедени дека татковците се навистина важни и во градењето на самодовербата на децата. „Нашето истражување вели дека најефективни се татковците кои ги слушаат своите деца, имаат блиски односи, поставуваат соодветни правила, но исто така овозможуваат и соодветна слобода“ – изјавила Лора Падила-Вокер, коавтор на истражувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11160 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.