Почетна » Новости » Истражувања » Убавиот изглед не значи добро здравје

Убавиот изглед не значи добро здравје

Не судете за книгата според корицата, затоа што изгледот може да ве измами. Сите ја знаеме таа изрека, но прашањето е колку ја сметаме за вистинита и колку ја применуваме?

Многумина го оценуваат социјалниот статус на дадено лице според неговата облека и имиџ. Истражувањата покажале дека луѓето толку многу се влијаат од надворешниот изглед, што го користат како критериум дури и кога треба да оценат дали некој е здрав или не.

Убава женаУбавиот надворешен изглед не е сигурен знак за добро здравје.

На 2500 мажи и жени им биле покажани фотографии од слаба русокоса жена со потемен тен и од просечен маж кој имал поблед тен и носел малку понесредена облека. Скоро 2/3 од учесниците, т.е. 62% ја оцениле жената како поздрава.

Откако биле направени редица тестови и медицински прегледи, било утврдено дека мажот може да се пофали со подобро здравје.

6 од 10 учесници изјавиле дека сјајната коса и кожа се знаци на добро здравје, иако и двете можат да се постигнат со помош на козметички продукти.

Токму ова истражување ги поттикнало експертите да излезат со предупредување да не се става толку голема важност на надворешниот изглед. Тие изјавиле дека убавиот изглед денес лесно може да се постигне со помош на скапите „магични“ продукти, но дека тој не е мерило за здравјето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.