Почетна » Новости » Истражувања » Третина од мажите би се ожениле со партнерка во која не се заљубени

Третина од мажите би се ожениле со партнерка во која не се заљубени

Стереотипите сè уште ги опкружуваат машко-женските односи и продолжуваат да се негуваат во популарните романтични комедии. Луѓето веруваат дека жените очајно посакуваат да стават бурма на раката и дека би направиле и компромиси само за да се омажат, а од друга страна, сметаат дека мажите се тие кои бегаат како од оган од долгорочното обврзување.

Всушност, реалноста е малку поинаква, барем според резултатите од истражување на сајтот за онлајн состанување Match.com. Одговорите на 6.000 мажи и жени покажале дека мажите многу почесто од жените би се ожениле само колку за да бидат во брак и да ја почувствуваат сигурноста што ја нуди брачната заедница, односно мажите се посклони од жените да стапат во брак со личност во која не се заљубени.

Свадбена тортаМажите се посклони да стапат во брак со партнерка во која не се заљубени, во споредба со жените

Речиси третина од мажите (31%) признале дека би стапиле во брак со партнерка која има сè што тие сметаат дека треба да поседува една сопруга, иако не се заљубени во неа. Од друга страна, жените не прават толку често компромиси и само 23% од жените го потврдиле истото.

Некои мажи одат и чекор подалеку, признавајќи дека би се ожениле со личност која не ги привлекува сексуално. Дури 21% од мажите признале дека би ѝ го кажале судбоносното „Да“ и на жена кон која не чувствуваат сексуална привлечност.

Хелен Фишер, која по професија е антрополог, ги проучува ваквите тенденции кај мажите. Еве дел од мислењата на оваа тема кои ги добила таа од мажите за време на нејзиното истражување:

„Идејата да останеме сами во животот може да биде ненадминлив проблем. Може да им ја скрши душата на некои мажи. Мажите, секако, не се имуни на тоа.“

„Ако сме искрени, ако се ослободиме од фантазиите, да бидеш сингл маж е ужасно.“

„На крајот на краиштата, повеќето од нас сакаат некоја која би нè поддржувала и која е доволно свесна за со неа да создадеме семејство.“

„Сите стапуваме во брак со нашиот втор, или трет, или четврт најдобар избор. Таков е животот.“

Истражувањето покажало и дека мажите не сакаат единствено да излегуваат со што повеќе жени, туку сакаат стабилна врска. На прашањето „Дали би сакале само да се забавувате со многу жени?“, само 3% од мажите одговориле потврдно.

Изненадуваат и резултатите кои укажуваат на фактот дека мажите се подготвени повеќе да се обврзат откако ќе засакаат одредена партнерка. Цели 46% од мажите се желни да започнат да живеат под ист покрив со саканата дури и ако се во врска помалку од една година. Од друга страна, само 26% од жените би го презеле тој голем чекор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10403 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.