Почетна » Новости » Истражувања » Тајните на среќниот брак

Тајните на среќниот брак

Кои се состојките што влегуваат во рецептот за среќен брак? Истражувачите редовно се посветуваат на одгатнувањето на тајните кои водат до посреќен брачен живот. Последното истражување во оваа област опфатило 2.000 среќни брачни парови. Целта на истражувачите била да дознаат што е тоа што ја засилува врската и ја одржува љубовта на брачните партнери.

Среќен брачен пар

Резултатите покажале дека среќните парови:

  • 2 пати седмично водат длабок значаен разговор;
  • имаат долга сесија бакнување 6 пати седмично;
  • имаат секс 2 пати седмично;
  • си кажуваат „Те сакам“ 18 пати месечно;
  • 3 пати месечно излегуваат да јадат во ресторан или на пијалак во кафуле;
  • имаат расправија еднаш седмично;
  • неколкупати месечно излегуваат одделно со свои пријатели и пријателки;
  • гледаат филм заедно дома 5 пати месечно;
  • 3 пати месечно издвојуваат време за да го израдуваат партнерот со приготвен оброк или чај в кревет;
  • одат на одмор двапати годишно.

„Јасно е дека додека партнерите очекуваат голема доза љубов и приврзаност еден од друг, тие разбираат и дека вистинското партнерство вклучува водење на длабоки и смислени разговори, како и здрави расправии за разрешување на сè што им пречи“ – изјавила Кетрин Кроун, претставник на компанијата којашто го финансирала истражувањето.

Помал дел од испитаниците признале дека нивната врска започнала со љубов на прв поглед. 42% рекле дека веднаш се заљубиле. Дури 47% од учесниците откриле дека пред да започнат врска, биле пријатели со својот партнер.

Поминувањето на квалитетно време заедно било посочено како важен фактор за среќен брак од половината испитаници. 49% признале дека е многу важно брачните партнери да се поддржуваат еден со друг, а 39% изјавиле дека е важно да се љубезни еден кон друг.

33% рекле дека особено е важно партнерот кога не е во право да признае дека греши, а 35% признале дека се среќни само затоа што ги споделуваат домашните обврски со својот/ата сакан/а.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11040 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.