Почетна » Новости » Истражувања » Тајната на привлечноста на женското тело

Тајната на привлечноста на женското тело

Пропорциите на телото отсекогаш биле сметани за важен фактор кога се оценува женската убавина. Но, научниците сметаат дека колку една жена ќе го привлече машкото внимание не зависи од големината на нејзините гради, туку од односот на обемот на нејзините колкови и нејзината половина.

Најпосакувани се жените чијшто однос половина/колкови е 0,7 – тврди антропологот Бернаби Диксон од Нов Зеланд.

Џесика АлбаЏесика Алба е пример за идеален однос половина/колкови

Во експеримент направен од Диксон, на група доброволци им биле дадени различни фотографии од жена на кои дигитално бил менуван обемот на нејзините гради, половина и колкови. Учесниците требало да ја оценуваат нејзината привлечност, а додека го правеле тоа нивните очи биле следени од инфрацрвени камери.

Резултатите покажале дека за најпривлечни се сметаат жените кај коишто односот меѓу половината и колковите е 0,7, т.е. обемот на половината е 70% од обемот на колковите.

Некои од најубавите жени на светот можат да се пофалат со ваков однос половина/колкови. Меѓу нив се Џесика Алба, Мерилин Монро, Алесандра Амбросио и Кејт Мос.

А кога станува збор за мажите, истражувачите откриле дека големите мускули не ги прават попривлечни. Жените избираат мажи кои не се многу мускулести и кои се послаби, затоа што сметаат дека тие се погрижливи и понежни партнери.

Како да пресметате кој е вашиот однос половина/колкови?

  1. Застанете исправени и слободно пуштете го стомакот.
  2. Со метро измерете колку е обемот на вашата половина, онаму каде што е најтенка.
  3. Измерете го обемот на колковите, онаму каде што се најшироки.
  4. Поделете го обемот на половината со обемот на колковите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.