Почетна » Новости » Истражувања » Солариумите создаваат зависност

Солариумите создаваат зависност

Уште со почетокот на пролетта многу претставнички на понежниот пол легнуваат под светлината на солариумите за да добијат потемен тен. И покрај многуте предупредувања за штетното влијание на солариумите, нивната популарност се движи по нагорна линија.

СолариумСолариумот создава зависност.

Желбата постојано да се има темен тен кој покрива многу несовршености на кожата, може да предизвика зависност. Експертите открија дека луѓето кои редовно користат солариум развиваат зависност слична на зависноста од дрога или алкохол.

Најновото истражување во оваа област било спроведено со учеството на над 400 студенти и било установено дека 39% од нив одговараат на критериумите за зависност од солариум. Истражувањето покажало и дека „зависниците“ почесто пријавувале симптоми на анксиозност, употреба на алкохол, марихуана или други супстанции кои создаваат зависност, во споредба со оние студенти кои не биле оценети како зависници од солариум.

Употребата на солариуми е еден од најголемите виновници за развивањето на меланом, а освен тоа предизвикува и појава на други дефекти по кожата и нејзино предвремено стареење. Имајте го тоа во предвид наредниот пат кога ќе одите на солариум.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.