Почетна » Новости » Истражувања » Ризикот од депресија двојно поголем кај жените

Ризикот од депресија двојно поголем кај жените

Депресијата е ментална состојба која може да се појави кај двата пола, но научниците велат дека жените се изложени на двојно поголем ризик.

Според најновите податоци, ризикот од појава на симптоми на депресија е за 2 и пол пати поголем кај жените, отколку кај мажите. И тоа најголем број од случаите на депресија се регистрирани кај жените во репродуктивна возраст, т.е. од 16 до 42 години.

Тажна женаДепресијата почесто се појавува кај жените

Експертите велат дека тоа се должи на фактот што жените чувствуваат огромен товар предизвикан од напорите да бидат истовремено и успешни мајки и сопруги и успешни на професионален план.

Поради огромниот притисок и многуте обврски, ризикот за појава на депресија е најголем кај жените на возраст од 25 до 40 години и жените во оваа возрасна група запаѓаат во депресија за 3-4 пати почесто од мажите.

Овие податоци се добиени со помош на истражување спроведено во 30 европски држави. Истражувањето открило и дека вкупно 164,8 милиони луѓе, или 38,2% од населението, страда од некаков тип психичко пореметување.

Денес жените страдаат од депресија двојно повеќе во споредба со жените во 70-тите години. Освен тоа, и симптомите на депресија се појавуваат порано. Во просек првите симптоми се појавуваат на 19-годишна возраст. Пред само четири децении, просечната возраст за појава на симптоми на депресија била 26 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.