Почетна » Новости » Истражувања » Попладневната дремка ќе ве направи попаметни

Попладневната дремка ќе ве направи попаметни

Ако имате време во текот на денот, најдобро е да си земете мала доза сон. Тоа не само што ќе го освежи вашиот ум, туку и ќе ја подобри работата на мозокот – тврдат истражувачите.

Жена што спиеПопладневната дремка го подобрува помнењето.

Медицинските истражувања покажаа дека спиењето еден час во текот на денот е доволно за да се зголеми способноста на мозокот да учи нови факти во часовите што следуваат.

Во рамките на истражување во Калифорнија, учесниците биле разделени во две групи. И двете групи требало да учествуваат во едноставна задача за учење – поврзување на лица со имиња. Во 14 часот попладне, едната група си зела 90-минутна дремка, а другата група останала будна. Во 18 часот и двете групи повторно се вратиле на учење на задачата. Заклучокот бил дека оние кои што си зеле попладневна дремка, на задачата покажале многу подобри резултати.

Истражувачите велат дека спиењето е потребно за да се „исчисти“ краткотрајната меморија и да се направи место за нова информација.

Многу славни личности како Бил Клинтон, Алберт Ајнштајн, Винстон Черчил, Роналд Реган, Маргарет Тачер и др., биле приврзаници на попладневната дремка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.