Почетна » Новости » Истражувања » Половината од облеката на мажите им е купена од нивните партнерки

Половината од облеката на мажите им е купена од нивните партнерки

Мажите генерално мразат да одат на шопинг, па неретко нивните партнерки се оние кои со задоволство го прават тоа наместо нив.

Истражување на модниот бренд Joe Browns покажало дека мажите сами си имаат купено само 30% од облеката којашто ја поседуваат. Нивните девојки/сопруги им ја имаат купено повеќе од половината нивна облека, а преостанатиот дел доаѓа од подароци од пријатели или роднини.

Жена и маж на шопинг68% од мажите носат онаква облека каква што им кажуваат жените

До овие констатации истражувачите дошле откако ги анализирале навиките на 1984 возрасни лица на возраст од 18 до 50 години.

Интересно е што резултатите укажуваат на податокот дека жените трошат 2 часа месечно, т.е. 24 часа годишно, т.е. 40 дена во текот на својот живот за шопинг за своите момчиња или сопрузи.

Од друга страна, мажите поминуваат 50 минути месечно или 16,6 дена во текот на својот живот низ продавници во потрага по облека.

„Некои мажи се плашат. Тие мора да се осигураат дека нивната сопруга, девојка или мајка ќе го сака она што го купиле. Имам видено мажи кои се заљубуваат во одредени обувки, но потоа се откажуваат затоа што жената не ги одобрува... За други пак, советите од жените се охрабрувачки“ – изјавил Адриан Аморосо од продавницата за машка облека на Arthur Galan AG во Австралија.

Резултатите од истражувањето ги потврдуваат зборовите на Адриан и откриваат дека 68% од мажите признаваат дека ја носат онаа облека што ќе им ја изберат жените.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.